02 Мај, 2024
0.0272

(ВИДЕО) Жаре и Климе против климатските промени!‏

Објавено во: Стил 19 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Здраво. Како оди? Се надеваме се е ок и дека летово поминува како што треба...

Ви испраќаме видео со кое се најавува првиот младински камп посветен на климатските промени во Македонија. Во него Жаре и Климе (Бранко Огњановски од К15) ја повикуваат публиката на кампот и на караванот за климатски промени кој ќе стартува наскоро и ќе ги посети 10те општини кои се активно вклучени во проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски прoмени.

Се надеваме дека видеото ќе ви се допадне и сигурни сме дека ќе биде нешто во кое вашата публика ќе ужива.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_267Cztu5po[/embed]

Во продолжение ви испраќаме некоја информација плус -

Во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски прoмени, Милиеуконтакт Македонија организира Младински летен камп посветен на климатските промени. Кампот ќе се одржи во Извидничкиот камп “Крсте Јон” во Струга од 21-27,Август 2015.

Учесници на кампот ќе бидат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години, од десетте општини каде се спроведува овој проект: Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово -Ростуша, Прилеп и Делчево.

Кампот е дел од кампањата за подигање на свеста кај граѓаните за климатските промени, за последиците кои ги носат тие со себе и како подобро да се подготват и да се заштитат себеси.

Примете голем поздрав од целата Еден на Еден екипа!