(ВИДЕО) Зошто БЕСА си заминаа непосредно пред упадот на насилниците?
Објавено во: Македонија 30 Април, 2017
Тетовскиот портал ТетоваСот објави видео на кое се гледа дека лидерот на БЕСА, Билал Касами е евакуиран од полицијата преку еден од споредните излези на Собранието и го напушта местото непосредно пред упадот.
БЕСА не гласаше за изборот на Талат Џафери за спикер. Дали пратениците на БЕСА порано излегоа од Собранието, затоа што имале информации дека ќе биде извршен напад, дека ќе има насилство или пак едноставно го искористиле моментот за порано да излезат, засега е непознато.