Видео: Журка во најсмртоносниот град во Сирија
Објавено во: Свет 30 Септември, 2016
Во Алепо се водат жестоки битки меѓу владините сили и бунтовниците и кој ќе победи ќе има голема шанса да ја контролира и поголемата територија на Сирија без окупацијата на делот каде владее Исламска држава. Сепак, крвавите напади, бројните жртви и секојдневните страдања не биле пречка за група на млади луѓе во текот на летото да организираат журка во Алепо каде настапил и диџеј.
Според коментарите на социјалните медиуми луѓето кои живеаат во Алепо и онака ја прифатиле опасноста па бараат начини како подобро да го поднесат секојдневието.
Денес Алепо е во уште пострашна состојба на работ на хуманитарна криза додека големите сили меѓусебно се обвинуваат и губат време во решавање на конфликтот дополнително вооружувајќи ги двете страни.