07 Мај, 2024
0.0264

(ВИДЕО+ФОТО) Силен земјотрес уби луѓе

Објавено во: Свет 06 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Силен земјотрес ја погоди Јапонија при што најмалку 8 луѓе загинаа, а повеќе од 150 се повредени, додека 40 се водат како исчезнати.

Земјотресот од 6.7 степени го погоди островот Хокаидо во северниот дел на Јапонија.

Потресот уништи многу куќи и објекти, предизвика свлечишта, го прекина воздушниот и железничкиот сообраќај. Mногу луѓе се „заробени“ под урнатините. 

Премиерот Шинзо Абе по катастрофата изјави дека 25 000 војници и спасувачки екипи ќе бидат веднаш испратени во областа за да помогнат во спасувачките операции. Неговата Влада формираше специјална единица во центарот за управување со кризи за информации за земјотресот.

Потресот бил со епицентар во близина на градот Сапоро. Околу 3 милиони жители се без електрична енергија.

Откажани се повеќе од 200 летови, што директно погоди 40.000 патници. 

Фудбалскиот сојуз на Јапонија соопшти дека денеска е откажан пријателскиот натпревар против Чиле, по земјотресот кој го погоди островот Хокаидо. Натпреварот требаше да се одигра утре во Сапоро. 

Ова е прв земјотрес од 1996-та година на островот Хокаидо, кој е посилен од шест единици по Рихтер.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците