27 Април, 2024
0.0258

ВИЕ СТЕ КРОЈАЧ НА СВОЈАТА СРЕЌА: Ова се мали работи кои го прават животот поубав!

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Без разлика на тоа што многумина се свесни дека ни 2017 година нема да помине без бројни предизвици, сепак веруваме дека ќе биде подобра од претходната.

Ова се денови кога се донесуваат новогодишни одлуки, па многумина по кој знае кој пат заклучуваат дека треба да започнат диета и да почнат со вежбање.

Тоа е во ред, посебно ако сте во состојба да се придржувате до тоа. Сепак, многу поважни одлуки се однесуваат на среќата. Тоа е избор кој зависи исклучиво од нас самите, никако од другите.

Затоа потрудете се секој ден да го поминете најдобро што можете и направете нешто корисно за себе.

Престој во природа

Излегување на свеж воздух докажано го намалува стресот и го подига нивото на хормони на среќа. Затоа, кога и да имате слободно време, со семејството прошетајте покрај река, одете во шума или парк, санкајте се...

Најдете си домашно милениче

Секој кој има домашно милениче знае дека времето поминато со него донесува неопишливо чуство на среќа и сјајно расположение. Ако имате услови за тоа, посвојте напуштено животно и уживајте во огромната количина на љубов и благодарност која ќе ви ја понуди. И запамтете, миленичето не е играчка со која ќе си играте кога сте расположени. Тоа е член на семејството кое бара грижа и посветување во сите 365 дена во годината.

Исклучете Фејсбук, Твитер и телефон

Секој ден сме бомбардирани со илјадници информации, поради што многу често се чуствуваме лошо и осамено мислејќи дека на другите во животот им се случуваат поубави работи отколку на нас (што е, секако, далеку од вистината). Затоа, кога и да можете, оддалечете се од интернет и поминете го времето дружејќи се во вистинскиот свет.

Читајте книги

Книгите имаат големо позитивно влијание на здравјето на човекот. Покрај тоа што го активираат мозокот, со нив забораваме на стресното секојдневие така што со мислите летнеме во некој друг свет. Затоа изберете некое интересно четиво, испружете се и уживајте.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти