Викендов дожд, од понеделник разведрување
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови на Македонија.
Дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југо- источен правец.
Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно со повремени врнежи.
Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 15 степени.
Времето утре ќе биде облачно со локален дожд претпладне, а попладне сончеви периоди. Температурите ќе се движат од 14 до 20 степени.
Во недела и в понеделник се очекува сончево време со мала облачност и пораст на дневните температури од 15 до 23 степени.