02 Мај, 2024
0.0283

Викендов Скопје звучеше како светска метропола со Telekom Electronic Beats Picnic

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Скопскиот Градски парк минатата сабота (21.09) беше домаќин на уникатен настан под името Telekom Electronic Beats Picnic, на кој присутните се забавуваа со електронските звуци на домашни и странски диџеи, гледаа музички документарни филмови, беа опкружени со изложби на облека и рачни изработки.

Цел ден скопјани се забавуваа во ритамот на современата електронска музика на светски познатите Llorca (Art of Tones) и Jus Ed, како и големиот број домашни диџеи кои се појавија на сцената во Градскиот парк. Настанот почна во 11:00 часот со сетовите на диџеите на СкопскиGroove, а потоа DJ Чваре, Mosaik Kolektif, Еми Ермилова, Катеринa Mileskaya, Зоки Бејбе и Алек Солтиров ја забавуваа публиката до зајдисонце, кога на диџеј пултот се појави францускиот „nu jazz“ пионер, Llorca (Art of Tones). По крајот на неговиот сет на сцената покрај езерцето настапија Виктор Апостолски и Андреј Мицајков, за потоа во новиот ден да нѐ воведат сировите андерграунд звуци на американскиот DJ Jus Ed. Програмата ја затворија добро познатите Robotek и Бодан Јамакоски околу 02:00 часот по полноќ наредниот ден, а дел од сетовите можеа да се проследат преку стрим во живо на официјалниот Фејсбук профил на Telekom Electronic Beats.

Изведувачите и бројните гости заедно придонесоа да го испратиме летото со журка за која ќе се зборува и наредните месеци. За момент, Скопје беше обоено во магента и звучеше како модерна европска метропола. Погледнете ја галеријата од Telekom Electronic Beats Picnic,бидејќи фотографиите најдобро ќе ви ја доловат атмосферата од настанот. 


Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа