05 Мај, 2024
0.0246

Винариите избришани од Регистарот ќе бидат вратени назад

Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Со новиот предлог закон донесен на последната седница, македонската Влада ќе им помага на лозарите. Како што денеска соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев,  регистарот на вино ги постигнал целите, а изминатиот период винариите во целост ги исплатиле лозарите, но мал дел од нив не го сториле тоа. Тој информираше дека винариите што им должат пари на лозарите се избришани од регистарот за вино и имаат забрана за работење во траење од две години. Сепак, посочи Ѓорѓиев, сега ќе добијат втора шанса и ќе бидат одново впишани во регистарот за вино. За да им се овозможи тоа треба во рок од 3 месеци да ја достават документација и да исплатат барем 10 отсто од парите што им ги должат на лозарите.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?