26 Април, 2024
0.0308

Во лозарството има и добри примери

Винарија „Езимит“: Лозарите пронајдоа партнер!

Езимит има склучено договори со кооперанти претежно од Овчеполието и Велешкиот регион, но исто така и од Тиквешијата. Во моментов имаме околу 1.400 кооперанти кои се 100% задоволни од соработката

Објавено во: Агробизнис 08 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Бербата на грозјето финишира, но и оваа лозарска година не помина без проблеми.Ниски откупни цени и неизвесен откуп на родот- овие проблеми се провлекуваат речиси секоја година. Дел од поголемите винарски визби кои имаат склучено договори со лозари, комплетно го имаат откупено договореното количество. 

„Винарската визба „Езимит“ откупи 6.000.000 килограми грозје од реколтат 2016-та. Имавме преодна залиха на вино од 9.000.000 литри и затоа откупивме помалку во однос на лани. Квалитетот на бербата е фантастичен, една од подобрите во последните 10 години и кај белите и кај црвените сорти. Езимит го исплати грозјето во целост по цени согласно шеќерните единици и препораките од Министерството за земјоделство“, вели Зоранчо Митровски, директор на винарската визба „Езимит“.

Според Митровски договорното производството е важно за лозарството. Грозјето секоја година се откупува според договорените услови во склучените договори. 

„Езимит има склучено договори со кооперанти претежно од Овчеполието и Велешкиот регион, но исто така и од Тиквешијата. Во моментов имаме околу 1.400 кооперанти кои се 100% задоволни од соработката. Само 10 лозари коперанти не го донеле грозјето во нашите визби што е незначителен процент што укажува дека и лозарите се коректни и фер партнери. Дефинитивно докажавме дека е возможен партнерски однос со лозарите“, вели Митровски.

За решавање на проблемите е потребна стратегија

Една од причините за проблемите кои секоја година се јавуваат при откупот на грозјето, агробизнисмените ја лоцираат во отсуството на долгорочна стратегија за развој на лозарството.

„Решавањето на проблемите треба да почне денес, а не на три дена пред берба. Владата треба да предложи спроведливи закони за тие за кого се однесуваат и да предвиди можност и кај грозјето за интервентен откуп како тоа што го имаат Италија, Франција, Шпанија,бидејќи ако сме винска нација, мора да имаме и години со вишок на вино и вишок на грозје, а сепак да се реши ситуацијата. Здружението „Вино од Македонија“ каде членуваат 90% од визбите во Македонија изготви стратегија која има решенија на краток и на среден рок. Ја испративме до релевантни адреси, и очекуваме да се почне со решавање на проблемот за да не се појавува во годините што доаѓаат“, вели Митровски.

Како дополнителна причина за пролонгираните проблеми во лозарството, бизнисмените го посочуваат погрешниот избор на лидери во здруженијата кои треба да ги застапуваат интересите на лозарите. 

„Лозарите имат катастрофален лидер кој нема капацитет и интелект да разговара, не дури да преговара и тоа ја доведува една сериозна дејност како лозарството во сериозни проблеми. Оваа година како и секогаш еден месец преговараше за цена,  а не за откуп, и послатко му е министерското кафе наспроти интересот на тие кои ги претставува.Јас сум сигурен дека меѓу лозарите има и доктори на науки и магистри и агрономи кои можат подостојно и поеснафски да ги претставуват лозарите и конечно здруженијата на лозарите да добијат квалитетен репрезент и преговарач со визбите“, вели Митровски.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади