29 Април, 2024
0.3595

Vip го отвори реновираниот продажен салон во Штип

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Уреден по најнови светски трендови и највисоки стандарди кои се во согласност со А1 Телеком Групацијата,Vip официјално го отвори реновираниот продажен салон во Штип со целосно нов концепт на уредување и интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко искуство.

Продажниот салонкој останува на досегашната локација, во центарот на градот, на улица ”Јосиф Ковачев”бб, на секој корисник му овозможува да биде во центарот на комуникацијата, директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин непосредно и многу полесно да направи избор на услуги согласно своите потреби.

“Посакуваме добредојде на сите корисници кои сакаат да доживеат ново, модерно и технолошки напредно корисничко искуство. Продажниот салон е опремен со најсовремени дигитални алатки кои овозможуваат премиум корисничко искуство, во поддршка на дигиталниот начин на живеење. Со реновираниот салон на Vip, Штип доби модерно, урбано место каде сите корисници ќе се чувствуваат пријатно додека ги избираат телекомуникациските услуги кои одговараат на нивните потреби”, изјави Елена Панова, директорка на одделот за маркетинг и продажба за приватни корисници во Vip.

По повод официјалното отворање, сите посетители на продажниот салон на Vip во Штип кои ќе склучат нов или го обноват договорот за своите услуги добиваат ексклузивна можност за набавка на одредени смартфони по намалени цени во периодот од 18.07.2019 до искористување на залихите.

Со овој нов концепт на уредување на продажните салони, Vip уште еднаш ја покажува својата определба за постојано подобрување на продажните салони согласно современите комуникациски потреби на корисниците.

Ентериерното освежување на продажните салони на Vipќе продолжи и во наредниот период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид