27 Април, 2024
0.0273

ВИП: Резервирајте за најочекуваниот паметен телефон – Samsung Galaxy S4

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Корисниците на ВИП добиваат одлична можност да станат едни од првите сопственици на најпрестижниот и најочекуваниот паметен телефон Samsung Galaxy S4, со едноставна резервација. Корисниците кои од денес па до 30 април 2013 г. ќе посетат некој од Вип центрите ширум Македонија и ќе направат резервација, добиваат одлична можност да го купат телефонот веднаш по неговото пристигнувањето и да добијат подарок – оригинална Самсунг футрола. Овој паметен телефон кој работи на последната Android 4.2.2 Jelly Bean платформа располага со супер брз Quadcore процесор. Пет-инчниот FULL HD Super AMOLED екран, чувствителен на допир со резолуција од 1.920 x1.080 пиксели може да се управува дури и со користење на ракавици. Широк само 7,9 мм и тежок само 130 гр. Samsung Galaxy S4 е изработен од специјално поликарбонатно тело, што го прави најсофистицираниот GALAXY телефон досега. Има батерија со моќност од 2,600mAh и простор за microSD картичка со дополнителна меморија до 64GB. Samsung Galaxy S4 има задна камера од 13 мегапиксели и предна од 2 мегапиксели, и поседува уникатни опции за Dual camera и Drama shot, кои може да спојат разновидни фотографии во една динамична слика, колаж или албум на приказни. Со Sound and shot опцијата секоја фотографија може да добие и свој сопствен звук. Благодарение на Samsung Hub, овој паметен телефон нуди богатство од најразлични видеа, игри, музика – кои може да се споделат со соговорници или со друг Samsung Galaxy S4 и да се користи како звучник, но и за останати забавни и едукативни содржини. Опцијата S Translator овозможува говорен и писмен превод. ChatON опцијата овозможува видео повици и чет, како и споделување на содржините од екранот. Она што е посебно важно кај новиот Samsung Galaxy S4 се одликите кои го редефинираат движењето на телефонот и раководењето со неговите функции. Благодарение на Smart Pause/Smart Scroll, телефонот го следи секое движење на корисникот и делува соодветно на него. Со Air View/Air Gesture може да се одговори на повикот или да се извршува друга функција без допирање на екранот. Новиот Samsung Galaxy S4 доаѓа со посебен режим за возење - S Voice Drive, кој прикажува поедноставен интерфејс со поголеми фонтови, со интуитивен приказ и можност за конвертирање текст во говор, а се активира со самото седнување во автомобил. Samsung Galaxy S4 ќе биде достапен во продажната мрежа на Вип на почетокот на мај 2013 по цена од 9.999 денари во постпејд тарифата Vip Free+ No Limit + за склучен договор на 24 месеци.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“