26 Април, 2024
0.0273

Вип со раст на приходите за 13% и профит од половина милион евра

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во 2012 година приходите на Вип пораснаа за околу 13% достигнувајќи 60,3 милиони евра. Заработката пред оданочување речиси двојно е зголемена и изнесува 12,1 милиони евра, што е водено пред се од континуираниот раст на корисничката база, покажува финансискиот извештај на операторот за 2012 година. Според податоците за работењето минатата година компанијата успеа да ја подобри оперативната добивка која сега изнесува 500.000 евра, споредено со загубата од 10,3 милиони евра во 2011 година. Во исто време, како што стои во соопштението од компанијата, Вип ја зголемил својата претплатничка база за 11,5 % достигнувајќи 632.000 корисници во 2012 година. На крајот на 2012 година Вип ја зацврсти својата позиција како втор мобилен оператор на пазарот и го зголеми својот пазарен удел на 27,3%. Минатата година Вип инвестираше повеќе од 12 милиони евра на македонскиот пазар. „Пет години по влезот на македонскиот пазар, Вип е горд на своите постигнувања и одличните резултати со кои потврдува дека е успешна приказна на Телеком Австрија Групацијата. 2012 година покажа дека Вип цврсто стои на свои нозе и дека има сила и капацитет, дури и во услови на криза, да инвестира на македонскиот пазар за доброто на корисниците. Горди сме што придонесуваме кон профитот на Телеком Австрија Групацијата, но пред се среќни сме со перманентниотраст на корисничката база и зголемувањето на задоволството на нашите корисници, што секако претставува одлична појдовна точка за 2013 година“ изјави Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип. Според Питер Цидек, главен финансиски директор на Вип, компанијата се движи во, а со тоа се обезбедува на корисниците најдобра вредност на македонскиот пазар. „Во услови на мошне тешко економско опкружување, Вип инвестираше во инфраструктурата и вложи околу 15 милиони евра за изградба на нашата модерна 3G HSPA+ мрежа со најголемата 3Г покриеност во Македонија. Ќе продолжиме да инвестираме за да обезбедиме најдобро корисничко искуство. Уште повеќе, иновациите и мошне конкурентните понуди ќе бидат наш фокус и во 2013 година за да продолжиме да го исполнуваме нашето ветување “Повеќе за вас”, изјави Цидек.  

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“