17 Мај, 2024
0.0290

Витаминка има „лек за корона“! Прочитајте каков?

Објавено во: Економија 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

„Витаминка“ одржа лекција по оптимизација и ангажман на ресурси, планирање и пазарна пенетрација и во услови на COVID 19 успеа да ја зголеми нето добивката за 25 отсто во споредба со лани. Најголемата прехранбено-кондиторска индустрија за половина година оствари приходи од продажба во износ од 18,9 милиони евра, ја зголеми продажбата на домашен пазар за 10 отсто во однос на лани и на пола година има добивка од 154.000 евра

Најголемата македонска прехранбено-кондиторска индустрија во првата половина од годинава има прекрасни и охрабрувачки резултати од работењето. Еден од најреномираните македонски производители на грицки, храна и колачи со кои растеле и растат генерации Македонци во периодот април – јуни оствари приходи од продажба во износ од 8,7 милиони евра! За првите шест месеци годинава приходите од продажба изнесуваат 18,9 милиони евра и се за 742.000 евра повисоки од истиот период лани односно 4 отсто раст во услови на корона состојба.

Домашната продажба на „Витаминка“ за првите шест месеци изнесува 11,74 милиони евра и тука на овој сегмент компанијата бележи раст од 10 отсто. Вториот „корона“ квартал дури „Витаминка“ успеала да одржи ниво на домашната продажба малку пониско во однос на првите три месеци годинава. Така од јануари до март продажбата дома изнесува 6,3 милиони евра, а во периодот април-јуни продажбата достигнала 5,44 милиони евра.

Извозот на производите на прилепската индустрија за првите шест месеци изнесуваат 7,2 милиони евра што е само за 4 отсто послаб резултат од истиот период лани. Во првиот квартал продажбата изнесува 3,9 милиони евра, а во второто тромесечје (април – јуни) 3,3 милиони евра.

Оперативните расходи на друштвото на првото полугодие изнесуваат 18,1 милиони евра и бележат раст за 4 отсто во споредба со истиот период лани. Најголемо учество, очекувано, во структурата на расходите имаат трошоците за суровини со 11,15 милиони евра. Втора најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 3 милиони евра.

Оперативната добивка на „Витаминка“ во првото полугодие е за 14 отсто повисока од истиот период лани и изнесува 357.400 евра. Тоа укажува дека компанијата и во услови на пандемија работела подобро од лани врз што многу веројатно дека имале влијание и државните стимулации на купување домашни производи. По „вагањето“ на финансиските расходи од финансиските приходи каде расходите се повисоки за 187.000 евра компанијата остварила добивка во износ од 154.000 евра за првите шест месеци годинава. Профитот на „Витаминка“ годинава е за 25 отсто повисок во споредба со истиот период лани. 

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите