26 Април, 2024
0.0329

Вкупната продажба на „H&M“ во последните девет месеци надминала 13 %

Објавено во: Стил 15 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Најголем скок досега, во последните девет месеци забележа продажбата на шведскиот ланец на продавници „Hennes & Mauritz“, објавија од компанијата. Продавниците кои се отворени една година и подолго забележале поголема продажба за 3 % во однос на истиот период лани, а пресметано во локални валути, а вкупната продажба надминала 13 %. Извршниот директор на шведската компанија, Карл Јохан Персон,  ја потенцира неочекувано добрата распродажба на новите модни линии. Тој, сепак, предупреди дека можната причина за тоа е невообичаеното ладно време во тој период од годината. Во компанијата не ги кометираа податоците за продажбата во јуни. На крајот на јуни, „H&M“ имаше вкупно 2,926 продавници, 330 повеќе од крајот на јуни минатата година.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти