29 Април, 2024
0.2245

Вкусот кој не го давам!

Објавено во: Стил 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Заминуваат луѓе, деца, жени ... Масовно заминуваат. Миграција на народот. Поради кој? Повеќе не е ни важно ... Бидејќи, тие кои не разделија по светот, „се бореа“, „гладуваа“, “штрајкуваа со глад“, и - сега се сити. А и ние сме сити ама од нив.

Овој народ не мора да кокетира со глад. Тој всушност е гладен и принуден да го мрази оној кој денес има да се најаде.

Не морам да одам од тука за да ме тепа носталгија за стара добра домашна кујна. Таа ми недостига и овде! И тргнете ги од мене рецептите и линковите и страниците со добри јадења со специјалитети од старата бабина кујна, бидејќи јас немам со што да ја почитувам традицијата.

Колку што има знаење во мене, толку во мене има тага што не можам да покажам како се прави добро македонско јадење, како да се засладите со колачи после ручек како некогаш?

Има ли денес вработени а задоволни мајки кои си дојдат дома, а „успат“ купат се што треба, и децата ги учат на кулинарство, со акцент на домашна кујна? Дали мириса куќата и дворот, или им мириса само на некои, бидејќи се нема кога, нема од што, бидејќи оние на кои светот останува, одамна се сладат со туѓа инстант кујна?

Мене ми недостига и мирисот на скара и вкусот на вино, кикотењето со друштвото до доцна во ноќите, а не сум заминала, не барем далеку.

Јас сакам и погачки и кифлички од мама, и Васина торта и прасечко печење за Велигден. Јас сакам да постам ама затоа што верувам, не затоа што морам ... Сакам засекогаш да правиме скара, да пиеме печена ракија и да се грееме во двор со готвено вино.

Не сакам, бре, да си одам , не ме терајте, таму нема ароматерапија од мирисите на стариот лонец и загорена шерпа од ајвар.

Немојте луѓе да ми го одземете правото да месам од посните турски лајбици. Немојте да ми ја одземате глетката да ги гледам децата како носат велигденски јајца по комшилукот.

Немојте да ми ја одземете честа да се будам во Божиќното утро со мириста на зелникот на мама, и тетка .. Пуштете ме да ги мирисам овие цветови, низ улиците на липи, јоргован во ваза да ставам.

И што ви е гајле што мирисот на мочуриштата го сакам. Пуштете ме шишарки од под дрвја да си собирам, нема никаде тоа како тука да го сакам.

Бидејќи мирисот на нашите шуми го носам, а никаде таков парфем нема.

И сакам само уште еден мирис, а таму го нема. Мирисот на запалена свеќа во црква, на слава, на венчавка ... Е тој мирис не ви го давам господо, па продадете ја вашата душа, а мене мојата оставете ми ја, не дирајте во моите корени! Па не ви давам бре! Да, јас не ви давам, јас - никој и ништо по вашите мерила, но јас - правнуката на оваа земја. И идна мајка на децата на оваа земја!

И.Р