26 Април, 2024
0.0291

Владата ги повика сите државни институции и управни органи да гарантираат слободни и фер избори

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во пресрет на Локалните избори 2017 година, Владата на својата 26 седница донесе декларација за заложби за слободни и фер избори, и ги поддржува основните принципи што се однесуваат на правото на секој граѓанин на Република Македонија да учествува во вршењето на јавни функции, директно или индиректно, преку слободно избрани претставници, да гласа на избори со тајно гласање и да има еднаква можност да ги изнесе своите политички ставови.

Исто така, на својата 27 седница, Владата на Република Македонија, усвои Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации, како и Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес.

Со овие Упатства се утврдуваат насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните органи на функционерите кои раководат со државните органи, како и на вработените во државните органи за време на спроведување на парламентарни, претседателски и локални избори од денот на нивното распишување и во текот на избирачкиот процес, како и насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации во врска со користењето на движните и недвижните ствари во државна сопственост за време на изборниот процес.

Воспоставувањето и зајакнувањето на демократските процеси и институции е заедничка одговорност на Владата, граѓаните и политичките партии, дека слободни, фер и демократски избори се клучен фактор за ефективно уживање на сите човекови права и основни слободи.

Владата ги повика сите органи на државнта управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин.

Со донесената Декларација, Владата, ги повика и вработените во органите на државната управа да пријавуваат евентуални случаи на притисок до надлежните органи, и, доколку се утврди злоупотреба, ќе се преземат соодветни мерки.

Со ова, Владата на Република Македонија се заложи дека ќе дејствува одлучно и непоколебливо во промовирање и примена на демократските начела при процесот на изборите.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени