26 Април, 2024
0.0269

Владата ги слушна граѓаните, сега ќе разгледува кои се најдобрите идеи !?

Објавено во: Економија 22 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Поолем број граѓани денеска се упатија кон Владата Владата на Реублика Македонија, за им ги презентираат своите проекти и идеи лично на премиерот и на неговите министрите за време на отворениот „Ден на идеи“.

Некои влегоа без проблем, на други не им беше дозволени, поради тоа што немале соодветни чевли, или поради тоа што се немале претходно телефонски пријавено за учество.

„Ние сме задоволни од големиот интерес на граѓаните. Освен во Владата, „Денот на идеи“ се одржува и во сите поголеми населени места во Република Македонија, на централните градски плоштади. Според информациите, досега има поголем број на идеи кои граѓаните ги даваат, како и изминатите години“, рече Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, кој појасни дека ова е една од оние манифестации кои ги применува Владата со цел да се постигне кохезија, соработка меѓу народот и институциите на државата, да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.

Презентираните идеите денеска треба да бидат собрани и испратени до институциите на кои се однесуваат, појасни Ѓорѓиев.

„Потоа во рок од две недели, самите институции треба да направат проекти врз основа на идеите кои се прифатливи, согласно нивните ингеренции, можности и финансиските потенцијали на државата и да ги вратат до Кабинетот на премиерот. Финалната листа од прифатените идеи треба да биде доставена во рок од една седмица на седница на Влада и Владата да формулира конкретни политики и проекти врз основа на овие идеи“, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека се очекува Владата да расправа по однос на идеите коишто се добиени од граѓаните околу средината на јануари.

 

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто