29 Април, 2024
0.0281

Владата ја усвои преговарачката структура за преговорите со Европската Унија

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

На 78-та владина седница е усвоена преговарачка структура за преговорите со Европската Унија(ЕУ). 

Владата денеска одржа тематска едница, на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, присуствуваше и се обрати и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

На седницата, премиерот Ковачевски се заблагодари на сите членови за досегашните заложби и трудот вложен во евроинтегративниот пат на Северна Македонија.

Од особено значење за натамошно дефинирање на активностите кои ќе следат беше усвојувањето на ревидирана структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, која го дава координативниот механизам за одвивање на преговорите со Унијата.

Информацијата со предлог за ревизија на координативниот механизам на Република Северна Македонија за пристапни преговори со Европската Унија и Одлуката за воспоставување на структура за преговорите беше едногласно усвоена од членовите на Владата.


Новата усвоена структура за преговори ја сочинуваат:


1. главен преговарач за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, кој ја врши заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и


2. заменик на главниот преговарач, која ја врши државниот секретар за европски прашања, кој е воедно и претседавач на комитетот за стабилизација и асоцијација, Дрита Абдиу Халили.


Остануваат телата предвидени во 2019 година и тоа:

  • Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија претседаван од претседателот на Владата како највисоко политичко тело на Владата за координација на пристапните преговори,
  •  Државната делегација за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи,
  •  Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија како стручно тело,
  • Работниот комитет за европска интеграција,
  • Работни групи за пристапни преговори како помошни тела на Работниот комитет.
Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со оглед на тоа што надлежностите и улогата на СЕП вклучително и за координација на целокупниот процес на пристапни преговори е регулирана во Законот за Владата.

 
Дополнително, СЕП се задолжува да биде и депозитар на целокупната документација поврзана со пристапните преговори како и да има координатор во сите работни групи надлежен за методолошките и процесните аспекти и координација со останатите тела на структурата за преговори. Воедно, СЕП презема надлежност и во подготовката на потребните правни акти со кои ќе се дефинираат процедурите на работење на телата.

Можеби ќе ве интересира

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево