26 Април, 2024
0.0276

Владата ќе дава половина од парите за инвестиции во рурален туризам

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата во 2013 година ќе финансира и 50% од инвестициите во туризмот кои ќе се направат во руралните средини и ќе го зголеми опсегот на држави за кои ќе се применува субвенција за привлекување на странски туристи. Ова се двете нови мерки кои што ќе ги превземе Владата за поддршка на развојот на туризмот, обезбедување поголем број туристи, уредување на капацитетите и овозможвуање нови работни места и приходи за бизнисите. „Од 2013 година ќе се зголеми бројот на држави за кои ќе се дава субвенција за привлекување на странски туристи. Оваа мерка освен за земјите од Бенелукс, ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија. За 2014 година мерката ќе се прошири и на Кина и Индија. Во 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, СЕ Германија, САД и Англија, информираше на денешната прес - конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тпј потенцираше дека е зголемен е и рокот за поднесување барања за субвенции на 60 дена од заминувањето на групата за сите видови барања до периодот од 01.01. до 30.09, а во периодот од 01.10 до 31.12, тој рок да изнесува 30 дена. „Ова беа директни барања на хотелиерите и бизнис комората кои Владата ги прифати и согласно нивните информации се очекува тие да ја прошират својата дејнсот и бизниси во нови региони. Тоа би значело туриси од нови земји кои ќе престојуваат во нашата земја и во склоп со зголемените субвенции од 800 илјади на еден милион евра, очекуваме раст на туристите“, изјави Ѓорѓиев. Владата во 2013 година ќе финансира и 50 проценти од инвестициите во туризмот кои ќе се направат во руралните средини. Финансиската поддршка за развој на рурален туризам, појасни Ѓорѓиев, се однесува на воспоставување или модернизација на сместувачки капацитети, угостителски услуги, сместување на отворено, рурални музеи, рекреативни активности и опрема.. За оваа цел Владата ќе ангажира околу 3,5 милиони евра, средства предвидени во Програмата за рурален развој. „Ова е добра можност голем број субјекти да добијат средства за туристички капацитети во селата и населените места крај езерата и на планинските туристички центри, Пештани, Радожда, Дојран, Маврово, Пониква и останати места кои ги исполнуваат условите“, појасни портпаролот на Владата на Република Македонија, додавајќи оти со оваа значителна финансиска поддршка Владата инвестира во подобрување на перформансите на бизнисите и отворање нови работни места  

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија