15 Мај, 2024
0.0290

Владата ќе субвенционира плати за октомври, ноември и декември: Нови мерки вредни 350 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 350 милиони евра ќе вреди четвртиот пакет економски мерки со кои Владата ќе се обиде да им помогне на фирмите и на граѓаните кои се погодени од кризата. Од оваа сума, како што велат од Владата, 264 милиони евра ќе бидат од Буџетот на државата, а околу 85 милиони ќе се позајмат од поволни дополнителни кредитни линии.

Мерките вчера попладнето им беа презентирани на претставниците на стопанските комори. Предвидуваат поддршка на платите з апоследниот квартал однсоно за октомври, ноември и декември, потоа картички за некои категории граѓани - а веќе беше споменато дека е можно тоа да се пензионери и невработени. Се планираат и даночни олеснувања.

Пакетот 4, кој треба да биде усвоен од Владата на седницата во недела, на 27 септември, опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал од годината, платежни картички за неколку категории граѓани, грантови за најпогодените сектори, широк спектар за ослободување или олеснување за повеќе давачки за компаниите, намалување на ДДВ во повеќе услужни и други дејности, како и други мерки, соопштија од Владата.


Инаку веќе беше најавено дека ќе има нов ребаланс на буџетот. Не е прецизирано кои се тие поволни кредитни линии и дали само толку пари ќе бидат позајмени до крајот на годинава.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно