16 Мај, 2024
0.0348

Владата повторно вложи во НЕР: Пари поминуваат, гасоводот стои

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата повторно вложи во државната компанија Национални енергетски ресури (НЕР). Овој пат 162.000 евра преку осмата емисија на акции кои целосно ги купи како единствен акционер во фирмата која го стопанисува националниот гасовод. Известувањето беше испратено вчера до Македонска берза. Во меѓувреме Владата односно НЕР со години не успеава да го изгради националниот гасовод, а ниту пак секундарната и терцијарната мрежа до домаќинствата.

„Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси во државна сопственост  изврши зголемување на основната главнина со издавање на 1.620 обични акции по пат на приватна понуда осма емисија. Од понудени 1.620 акции, продадени се 1.620 акцииво вкупен износ од 162.000 евра, стои во известувањето. 

Владата во осум наврати ја зголемуваше главнината во ова друштво, но во претходните емисии сумите беа значително повисоки - односно милионски. Со новата емисија основната главнина на НЕР АД Скопје се зголемува на 83.450 обични акции со номинална вредност од 100 евра за една акција.

МЕР ги добива парите од државниот буџет оти практично нема свои приходи. Фирмата е одговорна за изградбата на гасоводот и ако не земе пари од државата ќе треба да се задолжи со кредит или да позајми од други државни институции. 

Нема информации за што точно се овие пари. Инаку НЕР досега го изгради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце до Штип кој всушност беше компензиран со руски фирми за стар клириншки долг, но по таа траса се уште нема гас и покрај тоа што поминаа години по изградбата. Од магистралниот гасовод се работи на краците кон Неготино и Битола. Проектот за гасификација се финансира со донации од Владата, со кредит од германските Дојче банк и Ерсте банк. За проектите кон Штип, Неготино и Битола како и за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар се наменети 90 милиони евра од двете германски банки. 

Премиерот Зоран Заев во ноември лани кога направи увид на терен на почетокот на изградбата на интерконекторот со Косово кај Семениште, каде што поминува магистралната линија Скопје – Тетово - Гостивар, рече дека ќе бидат потребни уште 200 милиони евра за завршување на националниот гасовод.

„Останатиот дел од магистралниот гасовод е 70 милиони евра, а интерконекторот со Грција ќе биде 54 милиони. Со се останато уште 200 милиони евра ќе бидат потребни за завршување на националниот гасовод, рече тогаш Заев.

Директорот Реџепи додаде дека за изградба на еден километар се потребни 430.000 евра по километар.

Интерконекторот од Неготино до Гевгелија има студија за животна средина, јавни расправи се водат во општините,  па потоа ќе се усвои студијата. Има инфраструктурен и основен проект и очекувам во втора половина во 2021 да ја имаме целата документација за да почне градбата. Кичево - Охрид и Охрид - Битола ќе се проектираат следната година, реферираше Бајрам Реџепи, директорот на националното претпријатие кое го гради гасоводот.

Инаку трасата Скопје-Тетово-Гостивар од 86 километри заклучно со септември е реализирана 66 отсто и се очекува да биде завршен до втората половина годинава заедно со мерните станици и краковите кон градовите. Од Клечовце до Неготино е завршена работата, додека Неготино - Прилеп - Битола е до 92 проценти, тврдеше Заев.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА