Владимир Панчевски осуден за мобинг врз вработениот Горан Стаменковски
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017
Владимир Панчевски, поранешениот претседател на Кривичниот суд е осуден за мобинг кој го сторил врз вработениот Горан Стаменковски.
Информацијата денеска ја објави Основниот суд Скопје 2.
Тој сега има право да ја обжали првостепената пресуда пред Апелациониот суд.
Донесената неправосилна пресуда засега е само морална сатисфакција за тужителот Стаменковски, но доколку во случај Апелација да ја потврди истата, Панчевски нема да може повеќе да извршува раководна функција, како на пример да биде повторно претседател на Кривичниот суд.
Тужбата за мобинг против Панчевска ја поднесе Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд.
Во тужбата стои дека Панчевски во подолг временски период го прераспределувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.
Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.