19 Мај, 2024
0.0895

Владимир Рендевски: Не се согласувам со мојот министер за пензионирањето на докторите

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Владимир Рендевски, заменик-министерот за здравство, на собраниската говорница како одговор на пратеничко прашање рече дека не се согласува со практиката неговиот надреден министер предвремено да ги пензионира докторите, иако законски тие можат да работат до 67 години.

„Не се согласувам со постапката на мојот министер и ова го кажувам пред сите членови на Владата. Се јавува здравтсвен егзодус и просечната старост е 55-56 години. Овде се обраќам до сите пратеници, сметам дека тој член на толкување, како работи еден работник си го знае самиот директор. Тоа толкување од министерот е неприфатливо. 

Во иднина останување или неостанување на здравствен работник да биде по одлука на самиот директор, бидејќи тој знае дали некој здравствен работник може да работи уште или не. Многу се тешко остварливи вработувањата, се бараат дури четири потписи. И до министерот за правда и до сите експерти, повикувам да пронајдеме и поадекватен начин да ги задрќжиме оние на работа и да бараме нови вработувања“, рече поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврохирургија.

Летоска синдикатот објави дека околу 100 лекари и друг медицински персонал во Клиничкиот центар кои ја достигнаа возраста за пензионирање, завршуваат со работа и покрај нивното барање да продолжат уште три години.

Од Министерството за здравство рекоа дека работата по пензионирањето за дел од нив не може да продолжи бидејќи не го исполниле бројот на интервенции и не биле ефикасни при медицинските третмани. Министерот Беким Сали рече дека така сега се отвора можност за вработување на млади лекари.

Од Синдикатот обвинија дека им се прекршуваат законските права, повикувајќи се на Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита и најавуваат тужби. Од Синдикатот на Клинички обвинуваат дека некои директори на клиниките направиле селективни списоци, а се праќаат во пензија кадри и покрај тоа што има недостиг од медицински кадар.


Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри