17 Мај, 2024
0.0393

ФОТО: Влае ќе добие нов плоштад!

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во населбата Влае во Општина Карпош денеска почна изградба на нов плоштад на површина од 6.500 метри квадратни. За реализација на проектот, локалната самоуправа ќе одвои 31.575.714 денари. Камен темелникот за изградба на плоштадот го постави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, истакнувајќи дека урбаниот проект ќе им овозможи релаксација и социјализација на граѓаните од населба Влае и околината.

Плоштадот се гради за граѓаните од населбите Влае 1 и Влае 2, и доколку градежните работи се одвиваат непречено, се очекува да биде пуштен во употреба кон средината на март годинава. Во наредниот период тука е предвидена изградба и на верски објект, црква, како и поплочување на платото во комплексот Порта Влае, најави Јакимовски.

Од планираните финансии за проектот, за градежниот дел се предвидени 11.799.999, изградбата на фонтаната ќе чини 8.302.823 денари, а за хортикултурното уредување ќе се искористат 4.098.730 денари. За урбана опрема Општината ќе одвои 4.360.548 денари а за осветлување 3.013.614 денари.

Архитектонското решение предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со гранитни плочки како и изведба на кружна фонтана за поубав, урбан амбиент. Зелените површини ќе бидат хортикултурно уредени, со ниско и високо зеленило на површина од 3.192 метри квадратни, збогатени со 10.000 цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со систем „капка по капка“ и автоматско полевање. Просторот се предвидува да биде осветлен со 50 нови канделабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање