05 Мај, 2024
0.0224

Власта и опозицијата за Субрата Рој и „Џумајлија“

Објавено во: Агробизнис 17 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Субрата Рој повторно ги скара опозицијата и Владата, овојпат поради агрокомбинатот Џумајлија. Од СДСМ побараа одговор зошто толку привилегии има индиската компанија, од ВМРО ДПМНЕ и од Министерството за транспорт и врски обвинија дека СДСМ им ги минира странските инвестиции СДСМ обвини дека Владата дека не го обелоденила договорот за Џумајлија направен со Индиецот, Субрата Рој. Побараа да се стави како точка на собраниската комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и посочија дека договорот отворил многу прашања. Од СДСМ прашуваат кој е сопственикот на фирмата закупец, ако се има во предвид дека тоа не е Сахара Груп, туку лицето Suhbinder Singh Heer кој е жител на Лондон и државјанин на Обединетото кралство. Исто така се зачудени како фирма (ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ од Скопје) без  платена основна главнина ќе плаќа закуп од 120 денари месечно за хектар, додека останатите земјоделци за ваква земја даваат од 600 до 1.000 денари месечно за хектар.
„ Агро – комбинатот Џумајлија во периодот од 2008 до 2010 год. на име на субвенции на земјоделско производство има примено вкупен износ од 1.300.000 евра. Доколку Субрата Рој, односно недефинираното правно лице – закупец, во наредните 3 години произведе исто колку што произведувал агро – комбинатот Џумајлија во тие 3 години, тогаш државата на име на субвенции е должна да му исплати на закупецот околу 1.300.000 евра, односно просечно околу 430.000 евра годишно. Во исто време истиот за добиените 430.000 евра годишно треба да плати закупнина во износ од 121.000 евра. Тоа значи дека по истиот основ му се овозможува да заработува по 300.000 евра годишно на сметка на државата, а без минимално да го подобри работењето на закупените капацитети, односно во добар дел да го пополни износот на банкарската гаранција“, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој додаде дека не е познато кој сега управува со „Џумајлија“, бидејќи има стечајна постапка за комбинатот. Новиот договор, забележа Шилегов, дозволува сите долгови кои што ги има комбинатот кон земјодеците, да паднат во вода. ВМРО ДПМНЕ и Министерството за земјоделство го враќаат ударот Од ВМРО ДПМНЕ пак обвинија дека СДСМ се обидува да ги избрка инвеститорите бидејќи се плаши дека Владата ќе добие поени поради странските инвестиции. „Закупот, за кој што говори СДСМ, сеуште не се плаќа, бидејќи договорот штотуку беше склучен. Фирмата која ќе го плаќа закупот ќе се докапитализира, или додека да почне да генерира приходи ќе ги исплаќа обврските од средства кои ќе ги добива од фирмата-мајка. За склучувањето на договорот, фирмата закупец има доставено банкарска гаранција во вредност од 3 милиони евра, со која државата се заштитува и доколку не се исполнуваат обврските од договорот, не само што ќе се наплати банкарската гаранција, туку и договорот за концесија ќе биде раскинат“, влат од владејачката партија. Оттаму додаваат дека и за Сахара Груп во Македонија важат истите закони како и за сите останати. Се огласи и Министерството за транспорт и врски.Од таму посочија дека опозицијата е изненадена од брзината на Министерството кое на увид ги даде сите детали од Договорот со индиската компанија, па  сега бара контроверзи таму каде што не може да ги најде. Оттаму тврдат дека Договорот е склучен согласно законите, цената за закупот не е на штета на државата, а индиската компанија ги исполнува сите потребни услови за да ја добие Џумајлија. „Наводната загриженост на СДСМ за склучениот Договор ја разбираме и ја сваќаме како дел од нивниот страв од вкупните ефекти од неговата реализација и желбата по секоја цена сите позитивни трендови во македонското земјоделство да се закочат или да се сведат на состојбите до 2006 година до кога истите тие покажаа колку вистински се загрижени за земјоделските политики и проблеми“, пишува во реакцијата на Министерството.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?