Добивај вести на Viber
Влатко Илиевски, поранешен советник во кабинетот на претседателот на Владата е поставен за независен член на одборот на директори на Македонска Берза. Еве го интегралното соопштение на Берзата:
„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека на седницата на Годишното собрание на акционери на Македонска берза АД Скопје којашто се одржа на 30.04.2013 година беше донесена Одлука за избор на независен член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје со која за независен член на Одборот на директори е избран г-динот Влатко Илиевски“.
Инаку, Илиевски во јавноста е познат и како сопруг на Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Тие беа заедно петнаесетина години, а се венчаа во 2010 година.