18 Мај, 2024
0.0747

Влегуваат 50,3 милиони евра за нови патишта и железница, Коридорите 8 и 10 се приоритет

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со вкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012 - 2013 ќе се  гради железничка и патна инфраструктура во Македонија. Средствата и се веќе и официјално на располагање на Македонија, а треба да се потрошат најдоцна до 2017 година, информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „На веб-страницата за тендери на Европската унија денеска е распишана објава за подготовка на основен проект и тендерска документација за изградба на нова железничка делница од Кичево до границата со Република Албанија како дел од Коридорот 8. Со тоа практично почнува постапката за избор на консултант“, изјави Јанакиески. Во делот железници, додаде министерот, приоритет ќе има и изработката на главен проект и тендерска документација за изградба на делницата Крива Паланка - граница со Република Бугарија, исто така како дел од Коридорот 8. Предвидени се и проекти за изготвување проектна документација за железничките делници Скопје - Кичево и Велес - Битола, како и основен проект за делницата Драчево - Велес. Во делот патишта е предвидена рехабилитација на патните делници по должините на Коридорот 10 и 10 д,  како и Акциски план за подобрување на безбедноста на патиштата по должина на Коридорите 8 и 10. И делниците Миладиновци - Скопје, Куманово - Миладиновци, Меџитлија - Крклино, Крклино - Прилеп и Градско - Неготино ќе бидат опфатени со Оперативната програма. Инаку договорот треба да биде склучен во втората половина на 2013 година со времетраење од 24 месеци и буџет во износ од осум милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?