29 Април, 2024
0.0325

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките страсти

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Зоран Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава која доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други.

Од партијата додаваат дека последен во низата е Бујар Османи кој јавно пред народот изјави дека не ја признава македонската химна. 

„Бујар Османи кажа: „Не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница“. Криминогениот СДС и ова го премолчи. СДС да ја сакаше Македонија, немаше да ја прифати Тиранската платформа со која се поткопува нејзиниот суверенитет. СДС да го почитуваше македонскиот народ немаше да дозволи нелегално да се избере претседател на Собрание. Зоран Заев барем малку да имаше почит кон граѓаните немаше Македонија да ја втурне во подлабока политичка криза. Со своето молчење СДС продолжува да работи спротивно од волјата на граѓаните на Република Македонија. За СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев, македонското знаме, македонската химна и името немаат никакво значење. Затоа граѓаните бараат СДС да ја отфрли Тиранската платформа и да го повлече претседателот на Собрание кој беше избран спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија“ - реагираат од ВМРо-ДПМНЕ. 

Сметаат дека е време СДС да го слушне гласот на народот. Според нив, време е СДС да запре со теророт што го врши врз македонските граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање