26 Април, 2024
0.0302

ВМРО ДПМНЕ „глуми“ загриженост за депонијата во Струга, а тие одбија да се издвојат средства од буџетот за тој проблем

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во последните два месеци интензивно гори дивата депонија кај Струга а Стружани секое лето повеќе од 10 години алармираат и се жалат на овој проблем. Сепак ситуацијата ескалираше кога во среда целиот град беше обвиен во црн чад и неподнослива миризба.

И додека тоа се случува партијата на екс премиерот за секој проблем кој со години се таложи на тлото на државата наоѓа виновник.

Кога на површината излезе проблемот со струшката депонија, се разбуди свеста кај партијата која владееше донеодамна.

Од ВМРО ДПМНЕ овие неколку дена преку соопштенија до јавноста вината ја ставаат на грбот на новата Влада и СДСМ.

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското езеро во депонија.

СДС и нивните коалициски партнери со сопствената неспособност ја загрозуваат туристичката сезона на Охридското езеро, со што директно ја загрозуваат и егзистенцијата на стотици семејства чиј извор на приходи се средствата кои доаѓаат од туризмот“, соопштија од партијата на Никола Груевски.

Меѓутоа, ако се навратиме наназад кога беа на власт, токму пратениците од ВМРО ДПМНЕ го одбија амандманот во Собрание кога тогашната опозиција СДСМ бараше да се издвојат средства од буџетот во износ од  90.000.000 денари за конзервирање на градската депонија и решавање на проблемот со регионалната депонија во Струга.

Амандманот го објавија пратениците од СДСМ и со тоа потсетија дека грижите за струшката депонија на нивните опоненти се уште еден „лажен удар во гради“.

Сепак во соопштението на ВМРО ДПМНЕ не се споменува зошто овој амандман бил неприфатлив за нив.

Во меѓувреме, стивнува огнената стихија во Струга. Пожарот е локализиран и пожарникари и граѓани со десетици камиони неуморно ја смируваат разгорената депонија. Се работи со полна механизација а надлежните очекуваат состојбата да се санира и до крајот на месецот се да се заврши.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“