26 Април, 2024
0.0293

ВМРО-ДПМНЕ и по средбата со Хојт Ји бара нови избори

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Груевски и по денешната средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји остануваат на ставот дека единствено решение од кризата се нови избори на кои ќе се изрази народната волја. 

- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека Македонија се наоѓа во длабока политичка криза подолг период и многу работи претходеа на ваквата ситуација, сето ова резултираше со влез на народ во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, но во исто време го осудува и политичкото насилство кое го направи СДСМ врз институциите, деловникот, законите и уставот.

За ВМРО-ДПМНЕ политичкото насилство врз Уставот, законите и деловникот од страна на СДС предизвика гнев, а дополнителна провокација беше и интонирањето на албанска химна во македонското собрание. Сето тоа заврши со нелегален обид за избор на претседател на собранието надвор од сите  процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците, надвор од Деловникот за работа, законите и уставот.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот преседан отвора лоша можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори ваквата процедура и да стане пракса, што би преставувало суспендирање на правниот систем на државата.

Во однос на дебатата во Парламентот беа користени сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија за искажување на ставовите и позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и она што го дава Деловникот.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со наметнување на тиранската платформа која има многу спорни и контраверзни делови опасни за понатамошното функционирање на државата. Нејзиното создавање и прифаќање по одржаните декемвриски избори за голем број на граѓаните преставува голема изборна измама.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најдобар и најбрз начин да се излезе од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

По средбата единствено Груевски не даде изјави за медиумите.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“