ВМРО-ДПМНЕ избра генерален секретар и потпретседатели
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018
Поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој беше избран на денешниот Централен комитет на партијата.
За потпретседатели се избрани екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, и поранешниот пратеник, Александар Николовски.
Се очекува да бидат избрани и нови членови на Извршниот комитет.