20 Мај, 2024
0.0289

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од седницата за новата влада, но се жали на кратките рокови

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат дел од седницата на која ќе се расправа за составот на новата влада предложена од Зоран Заев и нејзината програма, но уште сега упатуваат критики за краткиот период во кој треба да се дебатира.

- Начинот на кој Заев се обидува да го скрати времето за анализа на програмата што ја нуди и нејзиниот кадровски состав на идната Влада е краен недемократски чин. СДС збореше за демократија и за јавна дебата, а на пратениците, на стручната јавност и на граѓаните им го ускратува правото на потребно време за анализа и дебата на главните проектни и главните кадровски политики на новата влада. На пратениците кои што не се дел од собраниското мнозинство не им се остава ниту минимум време за квалитетна подготовка на дискусија за или против новиот состав и новата програма на новата Влада. Владите и мандатарите и во 2002 и во 2006-та, и во 2008-ма, 2011-та и 2014-та година секогаш давале минимум 12 дена простор и време за јавна дебата за разгледување и анализа на владините програми и предложените кандидати за министри. И секогаш не само парламентарната опозиција туку и јавноста, стручната фела, новинарите и граѓаните ова време го користеле за градење на своите аргументи, за или против за предложените проекти или предложениот состав на новите влади, рече Антонио Милошоски на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Брзиот предлог на Заев доаѓа како што вели да не се губи повеќе време и како што вети што побрзо да се спроведат непходните реформи па затоа нема да чека ни да истече законскиот рок од 20 дена од добиениот мандат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража