19 Мај, 2024
0.0288

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада и следната година

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2022

Добивај вести на Viber


ВМРО-ДПМНЕ и во новата година ќе продолжи со активна блокада на Собранието. Од оваа партија велат дека ќе поддржат само добри иницијативи кои се во интерес на граѓаните.

„Сите закони кои не се во најдобар интерес на граѓаните и се насочени во корист на поединци во извршната власт, ние ќе бидеме упорни тука да ги запреме, додека оние што можеме да ги подобриме, ќе ги подобриме со амандмани. Секако, факт е дека ги поддржавме законските решенија за кои сметаме дека се добри“, рече Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ оценува дека целта на опозицијата е да се радикализираат состојбите во Собранието, а не да се подобри содржината на законите.

„Овде воопшто не станува збор за добра намера и конструктивност за поддршка на некои законски решенија, туку се работи за заложништво на Христијан Мицкоски од страна на Димитар Апасиев. Често зборуваме за ова во минато време. сака да го копира Димутар Апасиев во некои негови постапки, давајќи можност да се радикализира работата на Собранието“, изјави Мартин Костовски од СДСМ.

Активната блокада ВМРО-ДПМНЕ ја почна на 10 мај, како мерка за принудување на власта да прифати предвремени парламентарни избори. Тие блокираа важни иницијативи со поднесување многу амандмани, а некои други со несоздавање кворум на пленарните седници и комисиите. Сепак, оваа партија поддржа одредени иницијативи кои вклучуваа директна помош за различни категории граѓани и во некои случаи создадоа кворум за да може да почнат седниците.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“