ВМРО ДПМНЕ: Народот не сака да ги плаќа долговите на Заев
Објавено во: Македонија 22 Април, 2017
„Македонија нема да има два официјални јазици на цела територија. Банкнотите нема да станат двојазични и нема да се менуваат униформите. Нема да се менува ниту грбот, ниту знамето, ниту името. Нема да се носат резолуции за осуда за геноцид, ниту ќе се дозволи федерализација или кантонизација. Нема да се реализираат елементите од Тиранската Платформа затоа што граѓаните ја осудуваат и не гласаа за неа“, соопштија утринава од партијата на ВМРО ДПМНЕ.
Од кабинетот на Никола Груевски пак велат дека Заев со цел да се спаси себе си е подготвен да прави влада а врз основа на Платформата од Тирана.
„Заев ако мора да си го плати долгот кон нарко-мафијашките структури и партнерите од надвор, кои и му ја сервираа Тиранската Платформа, што мора да ја испорача, може да го плати од фирмите на кланот Заеви, становите на Шекеринска и Шилегов и хациендите на Богоев, но не и со македонските национални интереси“ , потенцираат од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека народот кој екој ден протестира на улиците покажува дека не сака да ги плаќа долговите на Заев.