27 Април, 2024
0.0319

ВМРО-ДПМНЕ: Новите судии во апелација имаат двојно помал стаж, но партиска поддршка

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за скандал при избор на новите судии, особено за тие што се нанзачени во Апелациониот суд во Скопје бидејќи според нив кандидатите имало двојно помал стаж од некои колеги како и помалку освоени бодови врз што се базира оценката за одреден судија, но затоа пак ова е диктат на партијата на власт.

„СДС врши брутален притисок и невидена партизација.  Судскиот совет отворено и под политички диктат го прекрши законот за судови во делот за избор на судии. Согласно член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за Апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови. Новоизбраните судии кои ги избра владата на Зоран Заев имаат помали оценки и помал стаж. Судии со дупло помал стаж и драстично помалку бодови се избрани за судии во Апелација. Тоа е така бидејќи зад нив стои партијата на власт. За судии во Апелациониот суд се избраа сопругата на членот на ДИК од СДС, Тања Милева и кумот на висок функционер од СДС, Зоран Герасимовски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата уште еднаш го повика Јавното обвинителство да реагира, и да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет и, како што велат,  јасното кршење на законот за судови член 46 став 1 алинеја 2.

„Со оваа одлука која е донесена од страна на владата на СДС очигледно се нарушени и барањата за реформи и препораките на Прибе, со што ВМРО-ДПМНЕ повикува и на реакција на Европската Комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница“, бара опозицијата.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир