19 Мај, 2024
0.0296

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа Влада е готова, уште денес да се распушти

Објавено во: Македонија 27 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Оваа Влада е готова, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, во Македонија треба час поскоро да има брзи избори, за народот да има шанса да си го каже своето мислење и кои политики ги преферира.

„Ако до сега не му беше јасно на Ковачевски дека треба да си поднесе оставка, се надеваме дека му станало појасно, читајќи ги изјавите од нашите стратешки партнери последните денови. Ковачевски треба да си признае самиот на себе, дека тој и оваа влада нема легитимитет пред граѓаните и дека блефот пред меѓународната заедница дека има 80 пратеници, за промена на Уставот под бугарски диктат е прочитан и нема да се случи. Го повикуваме да не купува ден за ден, само за да договорат уште некој тендер во 4 очи и уште толку да се збогатат на грбот на граѓаните. Оваа влада е готова, на крај барем нека биде искрена власта пред народот и уште денес да се распушти“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени, а од власта велат дека ако се соочиме со блокада, тоа скапо ќе ја чини државата и граѓаните, односно ќе заостанеме во евроинтеграциите во однос на Србија, Црна Гора и Албанија. 

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар изјави дека не дошол во државава за да му кажува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски што да прави или да му диктира услови, но дека сака јасно да стави до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа. Toj порача да ја искористиме оваа шанса за ЕУ, затоа што не знаеме што ќе биде утре. 

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево