18 Мај, 2024
0.0295

ВМРО-ДПМНЕ: Послушниците на Заев немаат ниту еден аргумент со кој ќе го оправдаат предавничкото прифаќање на Тиранската платформа

Објавено во: Македонија 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Послушниците на криминалецот Зоран Заев немаат ниту еден аргумент со кој ќе го оправдаат предавничкото прифаќање на Тиранската платформа и обврските кои ги има преземено кон нарко-мафијата што му помагаше на избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, од СДСМ молчат и се надеваат дека народот ќе заборави и ќе им прости. 

„Мислат дека народот ќе му прогледа низ прсти на криминалецот Заев и дека тој уште еднаш ќе биде амнестиран дури и ако се обиде да го погази Уставот и законите и формира паралелни институции. Насилниот и криминален избор на Претседател на Собрание ќе биде вовед во формирање на параинституции, акт кој го посакуваат сите негатори на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски средства за да се спротистави на ваквите црни, антидржавни сценарија на криминалецот Заев“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Народот нема да седи и мирно да гледа како некој ја уништува и ја суспендира демократијата, Уставот и законите, додаваат од партијата.

„Граѓаните нема да дозволат Македонија да стане двојазична и федерализирана држава. Граѓаните ја сакаат Македонија унитарна и мултиетничка, а не федерализирана држава, на која судбината би и била неизвесна. Единствена разврска која ќе биде во корист на сите граѓани се нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе му кажат на криминалецот Заев што мислат во врска со Тиранската платформа“ - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заев ова не го сфаќа и упорно сака да ја реализира Тиранската платформа во спротивност со волјата на граѓаните, категорични се од ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност