ВМРО ДПМНЕ се нервира зошто во Собранието не се случува ништо веќе еден месец
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017
Новата опозициска партија тврди дека СДСМ намерно го исценирала 27 април за да се продлабочи кризата.
Од партијата на Никола Груевски упорни дека партијата на мандатарот „насилно извела сценарио за избор на претседател на Собранието флагрантно кршејќи го Уставот, низа закони и Деловникот за работа на Собранието“.
„Фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во истото нема никаква активност и фактот дека СДС се уште ги кочи клучните и неминовни процеси во државата, како одржувањето на редовните локални избори, покажува дека СДС, очигледно, со намера го изведе сценариото од 27-ми април, за дополнително продлабочување на кризата“, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму велат дека СДСМ се служи со интриги и манипулации со цел да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, кои како што посочуваат секогаш тие ги причинувале и дека собраниското мнозинство има одговорност за пролонгирање на локалните избори .
Досега многу пати од партијата на екс премиерот бараа заедно со локалните да се одржат и нови парламентарни избори.