ВМРО-ДПМНЕ со нова тактика, изборите се распишаа веќе не смее Зврлевски да биде сменет
Објавено во: Македонија 07 Август, 2017
Најнова тактика на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на смената на јавниот обвинител Марко Зврлевски е дека сега кога веќе се распишани локалните избори не е законски тој да биде менуван.
Илија Димовски од ВМРО - ДПМНЕ му забележа на собранискиот спикер Џафери дека ако сака Собранието да работи законски и во рамки на Уставот, треба да ги почитува одредбите од Изборниот законик кои не дозволуваат ниту да се гласа, но ниту да се дебатира за разрешување или именување лица со оглед на тоа што вчера беа распишани локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври.
- Ако е така како што велите вие, тогаш треба да го затвориме Собранието до 16 октомври додека не завршат изборите - одговори Џафери и додаде дека не гледа причина да не продолжи работата и расправата по предложената точка за разрешување на Зврлевски и даде пауза од половина час.
Зоран Заев уште во првата своја изјава дадена како премиер посочи дека меѓу прироритетите е смена на Зврлевски затоа што незаконски ја вршел функцијата, но поминаа речиси три месеци откако процедурата е закочена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.