18 Мај, 2024
0.0318

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на утрешниот протест пред Влада

Објавено во: Македонија 04 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го поддржиа протестот на родителите на деца со посебни потреби кој е најавен во 12ч пред Влада

„Заедно ќе побараме надлежните институции и одговорните лица да сфатат дека децата со посебни потреби и нивните семејства заслужуваат барем минимум достоинствен живот, кој никако не може да се достигне со посебниот додаток од 4.300 до 5.000 денари, во време кога трошоците за живот секојдневно растат.

Овие деца имаат потреби како и сите други деца, но имаат тешкотии во остварувањето и задоволувањето на тие потреби.

Во услови кога може да работи само едниот родител, во услови кога мора да се набават лекарства кои во Македонија ги нема, овие семејства ни одблизу не можат финансиски да издржат со посебниот додаток од 5.000 денари - износ кој не е зголемен цели 14 години“, се најавува во соопштението.

Од таму додаваат дека ќе се бараат измени во Законот за основно образование, со кој на родителите на децата со посебни потреби би им се овозможило самите да им бидат асистенти на своите деца, така што државата ќе им овозможи плата и работен стаж.

Родителите на деца со попречености повикаа на масовен протест затоа што велат дека нивните деца се на маргините на општеството. Бараат зголемување на додатокот за деца со посебни потреби, како и зголемување на мобилноста и туѓата нега на ниво на минималната плата во Македонија, а исто така и добивање на пензија за еден од родителите.

Се жалат дека нивните деца се заборавени од државата, а често пати нивните лекувања ги прават во странство со пари собрани преку донациии, наместо тоа да го плати Фондот за здравство.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?