ВМРО-ДПМНЕ со порака до Јавното обвинителство - Издржете!
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2017
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ врши голем притисок врз Јавното обвинителство кое веќе покренува политички хајки, особено за случајот со насилствата на Крвавиот четврток.
- ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира пренесувањето на предметите поврзани со 27-ми април од Основното јавно обвинителство во Обвинителството за гонење на организиран криминал, но нема да одмолчи политички мотивирано и непринципиелно постапување.
ВМРО-ДПМНЕ апелира Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување. Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност, истакна Невенка Стаменковска на денешната прес конференција.
Зоран Заев по добиената доверба за новата влада во Собранието му порача на јавниот обвинител Марко Зврлевски да му ја достави оставката, но тој сеуште не се решил на ваков чекор и најверојатно ќе чека официјално разрешување од функцијата.