ВМРО-ДПМНЕ тврди дека патоказот кој го нудат е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017
Партијата на екс премиерот денеска ја повика СДСМ да престанела со деструктивното однесување и да сфати дека „прифаќањето на туѓи платформи само за поединци од криминогеното раководство на СДСМ да се спасат од одговорност за криминалите ја водат државата во погрешна насока“.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека “никој нема право да тргува со интересите на Република Македонија и да ја става во залог иднината на државата само заради гола борба за власт.“
Патоказот кој вчера го соопштија од партијата на Никола Груевски велат дека е добра добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата.
„Убедени сме дека со чесен пристап, откако ќе одговориме на отворените дилеми, ќе го имаме и одговорот во која насока треба да го бараме излезот од сегашната ситуација“, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Првиот услов од патоказот е се одбегнат двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати.