ВМРО ДПМНЕ упорно против СДСМ: Платформата е неуставна и точка!
Објавено во: Македонија 31 Март, 2017
Уште едно идентично соопштение од партијата на ВМРО ДПМНЕ.
Обвинувања за СДСМ дека упорно молчи и се крие за прифаќањето на Тиранска Платформа.
Партијата на Никола Груевски дека Тиранската Платформа се состои од неуставни елементи, со чие реализирање ќе дојде до редефинирање на Република Македонија.
„Македонската јавност уште еднаш имаше прилика да ја забележи дволичноста на криминогениот СДСМ и нивниот претседател аболицираниот криминалец Зоран Заев кои за лична корист тргуваат со интересите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ јавно ја отрфли Тиранската Платформа и го потврди својот став дека нема да формира Влада по секоја цена“, соопштија од ВМРО ДПМНЕ. Тие упорно тврдат дека патоказот кој го нуди нивната партија е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата. Од СДСМ и албанскиот блок досега многупати соопштија дека Тиранска платформа нема, туку декларација и дека за истата преговарале и од партијата на ВМРО ДПМНЕ , но и дека таа не е противуставна и не се заговара никаво редефинирање со неа.