26 Април, 2024
0.0308

ВМРО за сообраќајката и бегањето на Спасов - СДСМ нема програма и манипулира

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на Петре Шилегов и опозицијата за оставка на дополнителниот министер за труд и социјална политика. Диме Спасов кој учествуваше во две сообраќајки, побегна од полицијата и го испрати службениот возач да излаже дека тој всушност управувал со џип кој е во сопственост на Агенцијата за вработување. Според ВМРО-ДПМНЕ опозицијата нема своја политичка понуда па затоа се служи со манипулации и обвинувања за кои нема поткрепа.

„СДСМ е свесен дека не може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање проекти, економија, намалување на невработеност. Затоа мора да измислува и фабрикува лаги и да ја манипулира јавноста, наметнувајќи теми кои пред избори треба да го оттргнат вниманието на граѓаните од понудата на партиите. СДСМ уште еднаш го покажа вистинското лице. Не го интересираат ниту фактите, ниту институционалните постапки. Фабриката за афери ќе смисли конструкција и партијата и медиумите под контрола на партијата ќе пресудат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема одговор кои се лицата кои го следеле Спасов и што е преземено против овие лица па затоа измислува лаги и конструкции без ниту еден доказ во функција на создавање конфликтност, деструкција и кризи.

„Тоа го прават само очајни луѓе кои знаат дека ги чека огромен пораз на престојните избори. Јавноста гледа дека Фабриката за афери на СДСМ повторно работи во три смени. Добро е што на 11 декември народот ќе ја стави во стечај фабриката и ќе запре ваквата деструкција на СДСМ. На народот му е веќе преку глава наместо со реални проблеми да се занимава со измислиците на Зоран Заев. СДСМ знае дека граѓаните нема да го одберат она што тие го нудат: следења, подметнувања, провокации, фабрикации и манипулации. СДСМ знае дека граѓаните уште еднаш ќе се одлучат за понудата на ВМРО-ДПМНЕ: развој, излез од кризата, нови работни места и просперитет, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, во реакцијата на владејачката партија нема ниту збор со кој би се обратиле за неодговорното однесување на нивниот заменик министер во владата, ниту пак одговор на клучните прашања кои наведуваат на злоупотреба на положбата, како и за официјалната истрага на МВР.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени