05 Мај, 2024
0.0231

Внимание! Ако ова ви се појави на ноктите, веднаш одете на лекар!

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Секое лето лекарите не потсетуваат да ја намачкаме кожата со помош на креми против изгореници и да реагираме на секоја промена која ќе се појави по телото. Во спротивно, ако не внимавате, можете да добиете потенцијален смртоносен рак на кожата. Но сте слушнале ли дека некој има рак на ноктите?

Иако ова се случува многу ретко, ракот, кој ја напаѓа кожата, може да се развие и во ноктите на рацете и нозете.

Всушност, туморот не се развива во самиот ноктот, туку во ткивата под ноктот. Често се појавува една СВЕТЛО КАФЕНА линија под ноктите, а потоа полека се шири додека не стане дебела линија која е густа и темна.

Но не секоја чудна појава под ноктите е знак за тумор. Во повеќето случаи станува збор за недостаток на некои витамини во организмот.

Исто така, некои од промените во бојата и структурата на ноктите можат да покажуваат труење со тешки метали, недостаток на кислород во крвта, проблеми во работата на бубрезите, но и некои други опасни болести.

Затоа, штом забележите некаква промена на ноктите, закажете преглед. Бидејќи за што и да е во прашање, ако навреме побарате помош од лекарите, шансите за целосно лекување на сите наведени болести се далеку поголеми.

nokt 1