29 Април, 2024
0.1368

ВНИМАВАЈТЕ АКО ТРГУВАТЕ СО АКЦИИ НА „ГЕРАС ЦУНЕВ“ - зошто и Конфекција и Трговија се најдоа на Листата за набљудување на Берзата

Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

„Герас Цунев Трговија“ и „Герас Цунев Конфекција“ од Струмица се двете нови компании кои се најдоа на Листата за набљудување на Берзата.

Причина зошто овие фирми се ставени на овој „непопуларен“ список, е што и за двете се донеле одлуки за нивна преобразба во друштва со ограничена одговорност – ДОО.

Тоа значи дека инвеститорите ќе мора пошироко „да отворат очи“ кога ќе сакаат да вложуваат во овие две фирми, односно да бидат повнимателни и подобро да се информираат пред да донесат конкртетни инвестициски одлуки при тргувањето со нивните хартии од вредност.

Како што е познато, Берзата пред извесен период почна да ја објавува оваа Листа за набљудување, а таму компаниите можат да се најдат по две основи. Првата е ако имаат изречена мерка од Берзата, а втората доколку треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност.

„Согласно член 57 и 61-а од Правилата за котација, предвидено е воспоставување на ‘Листа за набљудување’, што јавно се објавува на веб страната на Берзата.
На Листата за набљудување се внесуваат издавачи кои котираат на Официјалниот Пазар поради: прво, изречена мерка од страна на Берзата - во случаи на посериозно непостапување од страна на издавачот согласно барањата утврдени во Правилата за котација, или второ, обрнување на внимание на инвеститорската јавност за определени актуелни состојби поврзани со конкретниот издавач - во случаи на поспецифични ситуации поврзани со хартиите од вредност или со работењето на издавачот. Обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност е механизам за комуникација со инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност и нивно дополнително информирање дека кај одредено котирано друштво се настанати поспецифични околности што треба да се имаат предвид при донесувањето на инвестициски одлуки при тргувањето со конкретни хартии од вредност“, се вели во објаснувањето од Берзата.

За внесување, односно отстранување од „Листата за набљудување“ одлучува Одборот на директори на Берзата врз основа на анализа на исполнувањето на обврските на котираните издавачи, согласно Правилата за котација и направените објави на СЕИНет од нивна страна, но и други информации што и стојат на располагање на Берзата.

“Хартиите од вредност на котираниот издавач што е внесен на Листата за набљудување остануваат котирани на пазарниот сегмент каде што се примени за котација“, објаснуваат од Берзата.

Ова всушност значи дека двете струмички компании не направиле никакви грешки, само што кај нив има позначајни промени кои треба да бидат сигнал за поголема внимателност кај инвеститорите.

Инаку, компанијата „Герас Цунев Конфекција“ од Струмуица во минатата година остварила минијатурна добивка, откако во 2019 и 2020 година работела со загуби, говорат извештаите. Приходите од работењето, пак, во 2021 година се вратиле на нивото од 2019 година, додека во 2020 година тие биле значително пониски. Послкедно тргување со акции на ова друштво биле на 16 мај, кога се продадени 738 акции, по цена од 500 денари за акција. 

Фирмата „Герас Цунев Трговија“, пак, прикажувала загуби во работењето во сите три изминати години. Последно, а и единствено годинава тргување со акциите на оваа компанија, исто така било на 16 мај годинава, кога се продадени 775 акции по цена од 500 денари. 

Овие две компании биле ставени на Листата за набљудување на крајот на мај минатата година.

Претходно, пак, во март годинава, и тетовски „Интерпромет“ се најде на овој список, и тоа поради донесена одлука за поделба на друштвото. Таа компанија вчера го поднесе и Извештајот за разумно уверување за усогласеноста на Планот за поделба на „Интерпромет“ Тетово.

Инаку, во 2021 година ниту една компанија што котира на Берзата не се најде на Листата за набљудување, а претходно, во 2020 година, на тој список беа ставени „ЖАС“ Скопје, „Агромеханика“, „РЖ Интер-Трансшпед“, како и компанијата „Стокопромет“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците