18 Мај, 2024
0.0259

ВНИМАВАЈТЕ: Предвидени се казни за непрописно скијање

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Според предлог законот за скијалишта на Министерството за транспорт, скијачите ќе плаќаат од 30 до 300 евра ако направат некои од следниве прекршоци:

- Невнимателно и брзо скијање со оглед на условите на патеката - Опасно претекнување на патеката - Непочитување на поставените ознаки и сигнализација - Скијање со неисправна и несоодветна опрема - Скијање под дејство на алкохол, дрога или психоактивен лек - Скијање наназад

Надлежни за пишување казни ќе бидат инспекторите за спорт. Но, како ќе докажат дека на пример некој скијач вози побрзо отколку што е дозволено или вози под дејство на алкохол, во законот не пишува.

Појаснување но и реакции за дел од дилемите можеби ќе има и од ски центрите бидејќи од нив се бараат голем број на услови за да можат да работат, а предвидени се казни и до 3 000 евра по различни основи.