26 Април, 2024
0.0455

Во 2013-та земјоделците и сточарите ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација

Објавено во: Агробизнис 04 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Kон средината на идната година земјоделците и сточарите ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација преку ИПАРД програмата на Европската комисија која обезбедува 14 милиони евра за таа намена.  Ова се само дел од проектите кој вчера ги најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.
- Од идната година исто така во програмите за финансиска поддршка дополнителна поддршка ќе добиваат регистрираните земјоделци. Тие ќе добиваат 20 проценти повисоки субвенции во однос на евидентираните земјоделци а во наредните пет години  ќе стигнат и до 50 проценти поголеми субвенции, рече Коњановски. Спопред Коњановски земјоделците, членови на задруги лично ќе добиваат поголеми субвенции а дел од трошоците за вода ќе им ги покрие државата. Самите тие ќе постигнувале поголеми цени и подобра позиција на пазарот. - Ќе има низа поволности за земјоделските задруги, но најголема поволност е што така здружени земјоделците ќе бидат фактори на пазарот, нагласи Коњановски, потсетувајќи на петгодишната програма за развојот на земјоделството и предвидените 700 милиони евра поддршка за земјоделците по разни производи и мерки. Во програмата се предвидени и посебни субвенции за земјоделците кои ќе користат добри земјоделски практики. Заменик министерот истакна дека е стопиран  негативниот тренд во лозарството и сега се оди кон засилен развој на Тиквешијата. Добрата гроздоберска сезона оваа година требало  да биде поука за во иднина.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади