Во Албанија се формираше СЈО
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2019
Соседна Албанија доби Специјално јавно обвинителство.
Осум обвинители положија заклетва пред албанскиот претседател Илир Мета како членови на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), што претставува голем чекор во воспоставувањето на Специјалната структура против корупцијата и организираниот криминал, позната како СПАК, во Албанија.
Ова СЈО се состои од најмалку 10 обвинители, кои се назначени од Врховниот обвинителен совет на 9 години без право на преназначување.
СЈО официјално ќе го замени Обвинителството за сериозни злосторства во Албанија и сите истражни досиеја ќе бидат пренесени во СЈО и ќе бидат испитани од новооткриените обвинители.
Обвинителите треба да ги идентификуваат, да ги истражат и да ги изведат пред лицето на правдата корумпираните сегашни и поранешни функционери и раководители на криминални групи.
Амбасадорот на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сорека, го поздрави почетокот на работата на специјалните обвинители преку објава на Твитер.