18 Мај, 2024
0.0296

ВО АНКЕТА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ СТАВЕНИ И ПОРНО ЛИНКОВИ: „Прашалникот е хакиран“, МОФ потврди за Фактор

Објавено во: Македонија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Анкета за дуално образование која е изработена од страна на Младинскиот образовен Форум (МОФ), целосно ги збуни учениците од деветто одделение и тие останаа вчудоневидени откако одговарајќи го прашањето: „Која социјална мрежа ја користиш?“ меѓу понудените одговори можеа да одберат и линкови кои водат до порно страници. Овој случај за Фактор го обелодени револтиран, но пред сè загрижен родител, чија ќерка му кажала што се случило откако класните раководители на деветоодделенците им ја споделиле анкетата во одделенските вибер групи.

-Ќерката веднаш откако се врати од училиште ме информираше дека од класниот раководител, додека слушале настава на третиот час, во Вибер групата добиле линк-порака за пополнување на анкета за дуално образование. Сите од нејзиниот клас забележале дека во делот на анкетата каде што се поставува прашањето за социјалните мрежи има и опоции за веб-страници со несоодветни содржини за таа возраст. Кога ја видов лично анкетата, видов дека може да се „гласа“ за две порно страници, од кои на едниот, не знам дали по грешка или не, имаше директен линк кој води до веб-сајтот. Не би сакал да верувам дека изборот на овие страници е по некоја грешка. Кај самото училиште можеби има простор за некаква случајна грешка, но не верувам дека самиот организатор на анкетирањето направил пропуст, изјави за Фактор родител на деветоодделенка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Фактор побара објаснување од МОФ за вака составената анкета, а оттаму останаа во вџашени.  Теодора Столевска, извршен директор на Младински образовен форум ни изјави дека МОФ го подготви прашалникот за 9то одделение за потребите на истражувањето „Истражување за перцепии за средното стручно образование на учениците од 9то одделение“ и ова се официјалните одговори.

-Прашалникот бил компромитиран, односно хакиран од страна на досега непознати лица. Имено, во прашалникот биле вметнати непристојни одговори кои не беа дел од официјалниот прашалник, кој првично се спроведуваше. Притоа, додадените одговори, односно промената во прашалникот била направено единствено во македонската верзија на прашалникот, додека пак во албанската, турската и српската верзија од прашалникот стоеле официјалните и одобрените прашања и одговори. Инаку, Младински образовен форум во текот на изминатиот период спроведуваше истражување кое имаше за цел да ги увиди најдобрите начини како може да ги поддржи деветтооделенците да дознаат повеќе за дуалното стручно образование и што тоа им нуди како и да им помогне во нивното информирање кога ќе носат одлука за упис во средно образование. Прашалникот беше достапен на македонски, албански, турски и српски јазик и за неговото спроведување помеѓу деветтооделенците, МОФ доби официјално одобрение и дозвола од страна на Министерството за образование и наука како и од страна на Бирото за развој на образование. Веднаш штом дознавме дека прашалникот е хакиран, го отстранивме од оптек. Ние сме организација посветена на развојот и образованието на младите луѓе во државата и затоа ја препознаваме тежината на таквиот сајбер-напад и штетата што тој потенцијално може да ја предизвика. Потполно сме свесни дека ваквите појави го нагласуваат значењето да се биде внимателен за да се заштитиме себеси и нашите деца од опасностите на интернет, изјави Столевска.

Организацијата изразува длабоко жалење за настанатата непријатна ситуација и ќе го пријави случајот до соодветните ситуации.

-Сакаме да нагласиме дека нашата организација не е единствената што стана жртва на хакерски напади. Владините институции ширум светот се соочуваат со слични предизвици поради континуираната еволуција и софистицираноста на сајбер криминалот. Сепак, ние целосно ја признаваме нашата одговорност за оваа жална појава и посветени сме на преземање на сите неопходни мерки за да не се повтори. Искрено се извинуваме за каква било штета или непријатност предизвикана од овој инцидент, вели Столевска.

Инаку, со оваа активност, проектот имаше цел да ги дознае најдобрите начини како може да ги поддржи деветтооделенците да дознаат за дуалното стручно образование и што тоа им нуди, за да помогне во нивното информирање кога ќе носат одлука за упис во средно образование.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци